Subscribe:

Labels

Thursday, April 26, 2018

ИНТЕРВЈУ СО ВЕРА ТРАЈКОСКА

Кога почна да се занимaваш со музика и која е твоја прва песна?
Јас  почнав да се занимавам со музика, поточно со македонската песна преку фестивалите во Австралија од 1998 година. Пеев во македонската музичка група "Милениум" од 1999а година.
Мојата прва песна беше мојата компонирана песна" Љубовта била лага"
Како се роди љубовта кон песната?
Песната од кога памтам ми беше поврзана со мојот карактер.Нашата куќа дури растев беше стално полна со македонска песна. Јас слушав песни со саати на радио, ленти, плочи или видео. Песната беше мојата љубов и хоби. Мајка ми има прекрасен глас и стално беше распеана кога работеше низ кујната или на домашни слави. Мајка ми исто така е позната во нејзиното родно село Бучин и уште од млади години била поканета на аудиција за пеење во Скопје.  За жал татко ми не и дозволил да оди на таа аудиција инаку верувам дека ќе беше многу популарна. Затоа ете  во мене се роди таа љубов кон македонската песна и го правам тоа што не можеше мајка ми.

Wednesday, April 25, 2018

ДОСТОЈНО ОДБЕЛЕЖАН ANZAC DAY

Оддадена почит кон жртвите во Првата Светска војна, Anzac Day во Мелбурн
Одбележана 103-тата годишнина од слетувањето на Австралиските и Ново Зеландските трупи на Галиполи.
25.04.2018
Секоја година на 25 април, во Австралија и Нов Зеланд се празнува Анзек деј. Овој ден е прогласен за државен празник во чест на загинатите австралиски и новозеландски борци во Првата светска војна. По тој повод се одржуваат комеморативна церемонија во раните утрински часови и почесен четири часовен марш по улиците. И оваа година не изостана традционалниот марш во Мелбурн на кој зедоа учество илјадници ветерани, нивни потомци и активен персонал. По улицата каде маршираа беа пропратени со аплаузи од nad 35 000 посетители од сите возрасти. Оваа година се смета дека посетеноста беше поголема за 10 000 луѓе како на церемонијата во раните утрински часови (Dawn service) така и Маршот по улицата Ст. Килда до Споменикот на паднатите борци, Shrine. Уште еднаш Мелбурнчани докажаа дека се одлични организатори и достојно го одбележаја овој значаен датум од австралиската историја. Слава им!

Wednesday, April 4, 2018

ПРОМОЦИЈА НА "ANOTHER WAY OF LIVING" OД Др.СНЕЖАНА ЏАМБАЗОВА - ПОПОРДАНОСКА

На 28 април промоција на ново дело
Kнига која ги содржи одговорите на најзначајните прашања од животот и ќе ви помогне да го пронајдете внатрешниот мир, радоста и вистинската среќа во животот.
Во организација на македонското литературно друштво Кочо Рацин, во сабота, на 28 април со почеток во 14.00 часот, во Mill Park Library (394 Plenty Road, Mill Park, VIC), ќе се одржи промоција на книгата “Another Way of Living” од Др Снежана Џамбазова-Попорданоска.
Др Снежана Џамбазова-Попорданоска, M.D, Ph.D., е доктор по медицина, советник и доктор на науки во областа на психологијата. Таа им помага на луѓето да го пронајдат сопствениот пат кон просветлувањето – пат кој се постигнува со себе-спознавање и внатрешен развој на љубовта, како и целосен интегритет на умот, телото и духот. Овој пат кон нашето внатрешно богатство е отворен за сите оние што ќе го одберат.

Tuesday, April 3, 2018

НАДЕЖ ЗА ТРАЈЧЕ

Твојата насмевка го огрева домот
Твоето срце е полно со љубов
Која ја носиш не само за себе туку и за сите
Твоите очи се полни со вжарени искри
Искри на надеж и среќа во иднина што иде...
А нашата грижа нека е покривка топла
Еве,  за тебе да те грее
Во овој живот кој бури ти носи.
Твојот од да зачекори гордо и смело
По нова патека ткаена од среќа.
Секое утро сонцето да ти тропне
И отсјае поздрав на твојот прозорец
И после секој дожд, виножито да се јави
Во бои и лик на насмевки детски
И нека пријателска хумана рака
Биде допир на надеж и секогаш крај тебе
Да ја збрише секоја грижа и мака
Да внесе светлина и радост во твоето мило срце.

Sunday, March 25, 2018

ЗОШТО Е ДОБРО ЧИТАЊЕТО


Читањето на било која литература, може да го прошири твоето разбирање за светот. Оние кои читаат, се познати дека имаат повеќе развиени мозоци од оние кои преферираат повеќе пасивни активности, па секој кој сака да го подобри својот ум и психички и когнитивно, би требало да размисли да ја зголеми навиката за редовно читање.
Зошто да читаме?
 1. ДА СЕ РАЗВИВААТ НАШИТЕ ВЕРБАЛНИ СПОСОБНОСТИ
Оние што читаат имаат тенденција да имаат поинаков спектар на зборови за да го изразат начинот на кој тие се чувствуваат и да ја пренесат својата поента. Колку повеќе читаме толку повеќе го збогатуваме нашиот вокабулар и користиме во секојдневниот живот како вешти комуникатори.

2. ГО ПОДОБРУВА НАШИОТ ФОКУС И КОНЦЕНТРАЦИЈА
За разлика од читање на блог постови и новинарски статии, седнувајќи со книга в рака, потребен е подолг период на фокусирање и концентрација што е малку тешко да се направи на почетокот. Да се ​​биде целосно ангажиран во една книга, потребно е затворање од надворешниот свет и внесување во текстот, кој со текот на времето ќе го зајакне нашиот распон на внимание.

ДАЛИ СТЕ ЗАВИСНИ ОД ПРЕЗАФАТЕНОСТ?


Живееме во време кога постојано сме во акција да завршиме што повеќе работи, во време каде презафатеноста е како доказ дека работиме, дека сме вредни или добар изговор да прикриеме ранливи вистини од животот.
Знаци дека сте адиктирани од презафатеност:
Се забележувате себе си дека опсесивно го проверувате вашиот телефон  во текот на денот, особено кога сте уморни, преоптоварени или вознемирени.
Кога некој сугерира да се релаксирате и да не правите ништо, а вие си велите себеси: "Што всушност значи тоа? Што прават луѓето кога не прават ништо? "
Кога ќе се најдете себеси да не правите ништо, се чувствувате виновни дека не сте продуктивни.
Вие ментално ги оценувате бројот на продуктивни часови што сте ги имале на крајот на денот и според тоа оценувате како се чувствувате за себе со тоа колку сте биле исполнети во денот.
Се наоѓате себеси "жалејќи се" за тоа колку сте зафатени а истовремено сте горди што имате толку многу на вашето "мени" што едвај можете да дишeте.
Велите дека сте премногу зафатени да медитирате, да го движите вашето тело, да се шетате со своите пријатели, да внесувате љубов, да подготвувате здрава храна за себе или да продолжите со датумите (со себе, со вашиот сопружник или со нови луѓе).
Ако 3 или повеќе од горенаведените изјави ве опишуваат, тогаш вие сте зависници од презафатеност.
Излезот од презафатеноста најчесто се бара во духовноста како фундаментална вежба на срцето, длабоко уверување дека сме силно поврзани со силата поголема од нас самите - сила втемелена во љубов и сочувство. За некои од нас, тоа е Бог, за другите тоа е природата, уметноста, па дури и човековата духовност. Верувам дека поседувањето на нашата способност е чин на признавање дека сме свети. Научете да се грижите за себе и вашиот духовен живот.
Духовноста е можеби најприродното нешто што постои. Тоа е едноставно вашата свест која дознава дека сте повеќе од само тело. Духовноста ви дозволува да го следите своето срце. Ве охрабрува да ја слушате вашата интуиција и да го правите она што е најдобро за вас и за другите околу вас. Духовноста ви дозволува да бидете најдобрата верзија од себе и нема ветувања за казна или за награда. Наградата е вашата среќа. 

Macedonian timeline

Tuesday, March 20, 2018

MLA "KOCHO RACIN" DONATED BOOKS ТО VSL STUDENTS IN KEILOR DOWNS

MLA "KOCHO RATCIN" DONATED BOOKS ТО VSL STUDENTS IN KEILOR DOWNS
Over the years, the Macedonian Literary Association "Koco Racin" has been actively involved in promoting literary works through holding book fairs, poetry readings, festivals, competitions, book promotions from local and famous authors from Macedonia.
Through their lines you can feel sincere thoughts about love for the homeland, respect for the historical past, freedom fighters, contemporary themes as well as poetry for children. Organized events usually go under the motto "Love the book preserve the language",  to promote the beauty of the Macedonian written word in books that are a source of knowledge and bring light to the human soul. 
Language is the primary means of communication, cultural wealth and a symbol of the nation.
In order not to break that continuity, MlA "Kocho Ratcin" as well as many other literary associations here and in the world, write, create and encourage readers to love the book and nurture the language.
This Saturday (March 17, 2018) members of MLA "Kocho Ratcin" organized an action to donate books to one of the Victorian School of Languages centers, Keilor Downs Secondary College, where the Macedonian language has been taught since 1977 for students from grade 1 to year 12.
52 books with poetry for children (easy to understand and on well-known topics), poetry and short stories for adults, legends, novels and riddles. Part of the books were also by the authors Ljubica Popovska and Gordana Dimovska. The books were handed over by Ljubica, Gordana and Vera to the librarian Fabian, who expressed his great gratitude for the donation. Thanks to Sadik Cagdas for organizing this and for his great efforts to improve the quality of the language program.
MlA "Kocho Ratcin" will continue to make actions of this kind and to cooperate with all school centers as well as associations in the Macedonian community.
From the management
MlA "Kocho Ratcin" Inc.




 Macedonian timeline

ДОНАЦИЈА НА КНИГИ ОД МЛД КОЧО РАЦИНЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО KEILOR DOWNS
Македонското литературно друштво Кочо Рацин со години наназад активно работи на промоција на македонските литературни дела преку одржување на саеми на книги, поетски читања, фестивали, конкурси, промоции на книги од локални но и автори од Македонија.
Низ нивните редови се преточени бескрајно искрени мисли за љубовта кон татковината, почит кон историското минато, борците за слобода, современи теми како и поезија наменета за најмладите. Организираните настани обично одат под мотото Сакај ја книгата, негувај го јазикот за да ја промовираат убавината на македонскиот пишан збор во книгите кои се извор на знаење и носат светлина во човековата душа. Со векови наназад македонскиот народ се бореше да си го сочува својот јазик во услови на ропства и окупации, затоа што го сметаше за силно оружје против поробувачите и негаторите. Скришно печатеа и книги а многу од нив и во туѓина.
Јазикот е основно средство за комуникација, културно богатство и симбол на нацијата.
За да не се прекине тој континуитет, МЛД Кочо Рацин како и многу други литературни друштва овде и во светот, пишуваат, творат и ги поттикнуваат читателите да ја сакаат книгата и да го негуваат јазикот.
Оваа Сабота (17.3.2018) членовите на МЛД “Кочо Рацин” организираа акција за донирање на книги во едно од викториските училишта за јазици – Keilor Downs Secondary College каде се изучува македонскиот јазик од прво одделение до 12 – та година.
Беа подарени 52 книги со поезија за деца (лесно прифатлива и на познати теми), поезија и раскази за возрасни, легенди, романи и гатанки. Дел од книгите беа и од самите автори Љубица Поповска и Гордана Димовска. Книгите беа предадени од Љубица, Гордана и Вера на библиотекарот Фабиан кој изрази голема благодарност за донацијата.
МЛД Кочо Рацин и натаму ќе продолжи да прави акции од ваков вид и да соработува со сите училишни центри како и асоцијации во Македонската заедница.
Од управата
МЛД “Кочо Рацин”