Friday, June 14, 2013

ЦИТАТИ ЗА МАКЕДОНИЈА



“Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот... Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот”. Ова е несоборлив доказ дека Македонците од тоа време се поистоветувале со Македонците на Александар Македонски. Колку за илустрација и денес машкото име Александар е најпопуларно." Ова го запишал рускиот славист Виктор Григорович при посетата на Македонија од 1844 - 1845 година, 
•“Оваа земја е Македонија и ако ја погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономија, исцело ке ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски.” Од текстот јасно се гледа дека не постои видлива разлика меѓу античка Македонија и Македонија од тоа време (1860 година) односно дека се едно те исто. Запишано во “Цариградски весник” од 3 март, 1860

Во преамбулата на правилата на македонскиот востанички комитет на Кресненското (Македонското) востание од 1878 година, востаниците се споредуваат со војската на Александар Македонски: “Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили и е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза - Слобода или смрт!”
• Во својата книга “Македонска песнарка” од 1879 година, Ѓорѓи Пулевски запишал: “Да ли сте чуле, Македонци, стари људи што говорат? Од Македонци по јунаци над них не било. Цар Александар Македонски триста лета пред Христа со Македонци сви вселену повладал. Наш крал Филип - Славјанин е, цар Александар - Славјанин е. Наши баби славјански ги родиле. Македонци! Сетите се за јунакство македонско. Та спроти старих вие сега да следувате!” Со овој текст Ѓорѓи Пулевски јасно и недвосмислено покажува дека смета оти кралевите Филип и Александар се наши македонски кралеви.
• По повод 1000 годишнината од смртта на Свети Методиј, во 1885 година во Солун, Григор Прличев ќе каже: “Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!” Како што може да се прочита Григор Прличев не само што Александар Македонски го смета за македонски син туку и заедно со Светите Кирил и Методиј го вбројува меѓу најголемите.
Истата таа година, Коста Шахов во весникот “Македонија” број 4 запишал:
• Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!”

Гордана Димовска

Macedonian timeline



No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...