РОПСТВО


Дејди моја мила мајко,
од кај иде силен екот,
дење - ноќе век ќе крене,
мира, мајко, не ни дава?
Дали негде огин гори,
та сред огин змии пиштат
ели, мајко, веди трештат,
та се пуста земја тресе?
- Нити синко, огин гори,
ни сред огин змии пиштат
нити веди, синко, трештат,
ни се пуста земја тресе
туку,, синко, полошо е
и од оган и од вода:
Врие чедо, тиран гладен
низ нашава црна земја

Автор: Коле Неделковски




Comments