Monday, June 9, 2014

МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТ ЈА ПРЕТСТАВУВАШЕ МАКЕДОНИЈА ВО ИСТАНБУЛ


Деновиве во Истанбул, Турција под покровителство на организацијата Авраасја Бир Вакфи и Министерството за Надворешни работи на Република Турција се организира манифестација под слоганот “Турскиот свет и интернационални студенти во Истанбул. Оваа година за прв пат учество зедоа повеќе од дваесет држави помеѓу кои и нашата Македонија. Целта беше претставување на нашите држави пред остатокот од светот.  Секој од нас организираше штанд на кој беа изложени традиционални јадења, народни носии, слики.
Студентот Александар Стојчевски од Битола, кој веќе една година студира економија на универзитетот Мармара во Истанбул, со голема радост и ентузијазам и со помош на неколку свои пријатели Македонски Турци, ја организира изложбата за Македонија. Тој изјави: “Заинтересираноста за македонската храна и македонската историја беше огромна, особено ако се земе во предвид дека голем број на луѓе кои живеат во Истанбул се иселеници од Македонија од прв ред или потекнуваат од иселеничко семејство.Јас како Македонец се чувствувам прекрасно што имав ваква шанса да ја претставувам својата татковина во сосема нова средина, со луѓе кои никогаш и немале шанса да ја запознаат нашата традиција.
Се надевам дека наредната година со повеќе искуство и подолг период на подготовка ќе ја претставиме нашата татковина уште подобро“

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...