ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

На 24-ти јануар  Домот на културата „Наум Наумовски Борче Крушево и Љубители на литература, култура и наука-Свети Висарион,  Демир Хисар, организираа научно –поетска средба во чест на големиот македонски музичар и пејач, Тоше Проески. Во неговото родно Крушево каде денес е и неговото вечно почивалиште беа поканети да присуствуваат сите вљубеници во неговото епохално музичко творештво. Тоше Проески со својата песна и љубов го освои светот а ова што го направија организаторите е доказ за нивната неуморна работа и бескрајна почит кон она што со голема љубов го работеше прерано загинатата музичка ѕвезда, Тоше Проески.

СО ЉУБОВ ЗА СИНОТ НА  КРУШЕВО И МАКЕДОНИЈА
Беше прочитан рефератот „Со љубовта и песната Тоше го освои светот.“ а се рецитираа и песни посветени на Тоше.
Ванѓелко Лозаноски рече: Тоше пееше на повеќе јазици, Македонски, Влашки, Англиски,, Српски, Хрватски. По примерот на Крсте Мисирков, кој познаваше 27 јазици. Ако Александар Македонски со војна сакаше да го освои светот,  Тоше тоа го правеше со  љубов и песна...Тоше Проески, не одеше со безбедност,во градовите и земјите, а беше дочекуван со цвеќиња од децата, бакнежи од девојките, прегратки од младината , а му се поклонуваа и возрасните. По трагичното погибие сите ученици станаа поети и писатели за Тоше Проески. Ова беше вистинско чудо и се палеа илјадници  свеќи секаде низ светот.
Организатори на оваа манифестација беа Љубители на литература и Наука-Свети Висарион и Домот на културата од Крушево отворија нова страница на вечните светлина на Тоше Проески.
На крајот организаторите и гостите се поклонија на гробот на незаборавната македонска легенда Тоше Проески.


Во програмата беа опфатени:
1. Поздравен говор на директорот на Домот на Културата-Крушево  Сашо Дамјаноски
2.Ванѓелко Лозаноски
„Ангелот македонски со песната и љубовта го освои светот“
3.Ивана Поповска со свои лични песни посветени на Тоше Проески
 5 Поети од родниот град на Тоше Проески.
 6. Преставување на книгата на Ивона   Поповска-
7. Гости поети







Comments