ИНТЕРВЈУ СО ВЕРА БЛАГОЕВИЌ

Примарна дејност за мене од почетокот до денес е подобрувањето на матерјалното, семејно и општествено одгледување на децата . И во целиот мој работен век на полето на оваа дејност, секогаш мотив, инспирација и задоволство од сработеното се децата. 
 Вера Благоевиќ - Interview with Vera Blagoevic, humanitarian, writer and poet.
"My primary activity from the start until today is improving the family and social care for children. And in all my working life in the field of this activity, there is always motivation, inspiration and satisfaction with the work that i have done for children." 

Актуелно деновиве е веста за Канонизирање на Хуманитарката Мајка Тереза. По тој повод разговарам со Вера Благоевиќ, хуманитарка, писател и поет.
Љ. П - Добитник сте на Плакета за успешна соработка од Националната установа "Спомен-куќа на Мајка Тереза".
За вас е ова чест и признание за вашата работа но и обврска за во иднина. Кога ја добивте Плакетата и за каква успешна соработка се работи?
Вера - Плакетата од Спомен Домот на Мајка Тереза, ја добив во 2012 година. Со тоа, бев прв добитник на вакво признание во Битола.
Сите вакви и слични признанија и награди кои досега сум ги добила, сите се заради едно исто Хуаност.. Ги добив и зедов обврска да делувам понатаму. Дури и книгите, кои ги пишувам, содржат белег од хуманитарното работење.
Љ.П - Што значи Хуманитарна активност и на што се сведува таа?
Вера Хуманитарното работење е насекаде исто. Некој се грижи за социјално загрозените семејства, друг за животот на и условите во кои детето расте. Некој се грижи, помага при семејни и насилства врз децата. Едноставно, се сто се подразбира под хуманитарно делување во секакви услови.



Љ. П Која е ваша примарна цел во оваа активност?

Вера  Примарна дејност за мене од почетокот до денес е подобрувањето на матерјалното, семејно и општествено одгледување на децата . И во целиот мој работен век на полето на оваа дејност, секогаш мотив, инспирација и задоволство од сработеното се децата. Во сите и секакви услови, било да се тоа воени услови или мир.

Љ. П - Бевте председател на Х "Реа","Самарјанин".На кои проекти сте работеле?

Вера - Сум работела на многу различни проекти, од помош на Социјално загрозените семејства во руралните средини, во градот и селото, помош при потреба од лекување, школување до разни други активности, како што се посетите на повеќедетните семејства и поттик за дете повеќе во семејството, со цел да се зголеми наталитетот и да си ја зачуваме татковината од белата чума. Јас секогаш користам прилика да ја изговорам реченицата. ЕДНО ДЕТЕ Е КАКО НИЕДНО...ДВЕ СЕ ЗАМЕНА ЗА РОДИТЕЛИТЕ, САМО ТРЕТОТО И НАРЕДНО РОДЕНО ДЕТЕ Е ДЕТЕ НА НАТАЛИТЕТОТ.

Љ. П. - Колку Хуманитарната активност и организација е ценета како племенита во денешни услови?
ВераОваа работа е благородна но не и благодарна. Сум соработувала со многу Здруженија и Хуманитарни Организации на сите полиња. Едноставно, секогаш и секаде каде е потребна помош и онолку колку што можам да помогнам. Буквално сум била вклучена секаде од безработица до пожари и поплави.
Љ. П Секако ја имате подршката од фамилијата,вашите деца,пријателите за да сте толку  посветени на хуманитарната актјивност?

Вера - Во моето работење е многу важна поддршката од семејството и пријателите.

Љ. П  Кој беше поводот да бидете избрана за Почесен Конзул во 2009 гонина за Б и Х?

Вера - Со Амбасадата на БиХ во Македонија соработувам од 2000 година. Амбасадорите се менуваа, а јас со сите еднакво пријателував. Според мене Амбасадорите се Институција, така гледам на тоа, застапуваат еден народ, една држава во нашава татковина. Соработката со нив се своди на тоа да пречекаме и испратме ние разни уметнички, културни друштва, да создадеме заеднички соработки и пријателста од двете Држави. За функцијата Почесен Конзул на БиХ сум  назначена 2009 година од Министерството на Надворешни Работи на БиХ. Од оправдани причини како што е смртта на мојата мајка, мои помали здравствени проблеми и намерата да се отселам и делувам во Италија, го одбив предлогот за таа почесна функција и прифатив да бидам Претседател на МАБИХ, Македонско и БиХ Здружение за соработка пријателство на ниво на РМ со седиште во Битола.

Љ. П  - Хуманитарната активност е инспирација за пишување и твој почеток.Книгата"Сјај и беда"ја обработува темата на Хуманитарните дејствија во воени услови.Па следат книгите"Носталгија","Чардак","Со љубов и страдание","Со страдание до љубов","Бадијалџи".Што порака носат вашите книги?

Вера Во моите издадени книги секогаш има по малку носталгија за родниот крај и милите лица. Носталгија и за другите места во кои сум живеела и делувала, како и за колегите и пријателите одтаму. Како што еден од Амбасадорите на Бих, проф. др. Саво Кеклиќ во една пригода ми рече....Кој би ти угодил...кога си ваму жалиш за таму...кога си таму жалиш за ваму....Е јас одговарам секогаш..тоа е Носталгија и кој не ја почувствувал на својата кожа, неможе да ја разбере.

Љ. П  - Автор сте на две книги поезија за возрасни"Тага за споменот"и"Ехо на духот" Сигурно не може а да не пишувате поезија за деца?

Вера Покрај издадените седум прозни и една Поетска Збирка за возрасни...досега имам издадено две Збирки на Поезија за деца.
„Детска фантазија сон и вистина“ и „Симбол“

Љ.П - .Каде членувате?


Вера - Член сум во Медитеранската Академија од 2014 година.

Љ.П - На што сега работите на литературното поле?
Сега во подготовка е едицијата ДЕЦАТА СЕ УКРАС НА СВЕТОТ од Детска Поезија
од 10 Стихозбирки од повеќе автори. За сите автори кои ќе творат во сите изданија на едицијата, со најмалку по три творби, се подготвува подарок, уметничка слика.

Разговорот го водеше Љубица Поповска
Interview with Vera Blagojevic,  humanitarian, writer and poet.
"My primary activity from the start until today is improving the family and social care for children. And in all my working life in the field of this activity, there is always motivation, inspiration and satisfaction with the work that i have done for children." 

Macedonian timeline


Еве о една песна од збирката
"Тага за споменот"
И денес по век и половина
изминати недоодици до врвот,
кај што вие се искачивте,
и со палката од диригент,
милно потсетувате,
сетно поттикнувате и
силно, најсилно покажувате,
што е т’га и
болка над болките,
носталгија.
Вие мои браќа според сонцето,
синови, по почвата македонска,
љубов,
според овдешната светлина
јужниот ветар и мечтата по него ,
ширното езеро и бистрите води,
по се ваше и мое.
Од овде до лулката на Православието ,
во татковината по рожба ми ,
каде пламен од вера и љубов не згаснува,
каде што за тагата се тагува,
а споменот на неа радува.
Во поезијата името ви е вткаено,
со радост да се препознае
во градот низ кој Дрим тече,
поетска искра, несопирливо влече.
Дали е јаве или сон,
или е тропарев ѕвон.
Зошто само стихот ваш се слуша,
како благослов од душа,
тивко бранот шепотејќи брани,
тука сме, кога сме и в други страни

Comments