ЗА АДРИАН


Посветена на внукот Адриан
Чудо од дете, сокол на баба
со сродна душа на баба
Мило око што насекаде гледа,
да стави ред да залее цвеќе
да направи
она што него среќен го прави.
Најомилен дуќан му е Банингс
да си купи штрафче
да си поправи точак
мотор и количе
нарочито ги расипува
за повторно да ги поправа
еден ден ми вели:
Овој точак тато сака да го фрли
но јас го поправив
баба му рече: Браво Адриан
мило на баба
ти си гениј, иноватор
постојано нешто измислуваш, мир
во душата немаш.

A кога баба ќе го запраша
Адриан ајде да прочитаме некоја книга
тој ми вели
Не баба, само тоа не,
секое дете си има своја дарба,
постојано е со валкани рачиња од тие штрафчиња
шајчиња, навраки, завртки
гаражата е негово омилено катче
Адриан иноватор, чудо од дете
ете тоа е Адриан
Автор: Вера Горгиевска 

Macedonian timeline

Comments