НОВИ ПОЕТСКИ ОСТВАРУВАЊА НА ЉУБИЦА ПОПОВСКА




Огромната љубов кон пишаниот збор е голем поттик за поетесата Љубица Поповска да твори и издава збирки на поезија за сите генерации и на повеќе теми. Оваа година ги издаде четирите збирки “Траги во времето“, "Виножито во мојата прегратка", "Македонски непребол и гордост" и "Светлина во нас и околу нас“ а истовремено учествува на многу поетски читања во Македонија и Австралија како активен член на МЛД “Кочо Рацин“.



Изјава на Љубица за нејзините награди и остварувања во 2017 година 
ИЗДАВАЊЕ НА КНИГИ СО ПОЕЗИЈА
“Од почетокот на оваа година ,па закључно со јуни можам слободно да кажам дека се надминав себе си.Имено излегоја од печат четири мои збирки поезија и тоа: "Виножито во мојата прегратка" во мое издание,збирките "Македонски непребол и гордост" и "Светлина во нас и околу нас" финансирани од Агенцијата за иселеништво,за што многу сум им благодарна, и збирката"Траги во времето" во издание на Здружението "Нова" за која ми беше доделена "Книжевна гравитација".
Исто така учесник сум во седум збирни изданија:
"Симфонија на срцето 2"
"Симфонија на срцето 3"
Зборникот "Пораки за мир"
И во четири книги од Едицијата"Децата се украс на светот" под Покровителство на МаБиХ (Македонско-Босанско здружение за пријателство и соработка со седиште во Битола ),каде во конкуренција од 30 поети ми беше доделена Единствената награда за поезија за деца.
Во подготовка ми се збирките "Пролетни шепотења" и "Светиците,кои се надевам дека ќе се реализираат до крајот на оваа година.“



Macedonian timeline

Comments